Приведени крадци, украденото вратено на сопственикот

од Vladimir Zorba

На 22 и 24.12.2021 на подрачје на Центар се лишени од слобода Т.В.(38) и Б.Т.(33), двајцата од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“, сторена на 17.12.2021, соопштија од МВР.

Лицата во целост го потврдиле делото, а извршено е и препознавање од оштетената во присуство на јавен обвинител.

Украденото е вратено на оштетената. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини