Приведени крадци во кумановско, затекнати при обид да извршат кражба од воз

од Берта Китинска
282 прегледи

На 04.05.2022 во 22.40 часот на граничен железнички премин „Табановце“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Сопот“ ги лишиле од слобода Е.Ш.(34) од село Романовце, кумановско и Р.И.(47) од село Псача, општина Ранковце. Тие биле затекнати при обид да одземат предмети од меѓународен товарен воз, информираат од МВР.

Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.