Поради истрага која Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја отворило на почетокот на годината, утрово се приведени петмина службеници од Општина Тетово под сомнение за незаконска легализација и приватизација на земјиште.
За истиот случај, полицијата е во потрага и по Зоран Теофиловски, член на Судскиот совет, кој утринава не се појави на седницата на советот закажана за 10 часот.
Во истрагата освен петтемина вработени во Општина Тетово и членот на Судски совет, Теофиловски, се води истрага за уште четири други лица, а сите опфатени во истрагата се гонат за злоупотреба на службената положба и овластување.
Тие се осомничени дека на нелегален начин присвоиле земјиште во државна сопственост а потоа истото го легализирале за потребите на тениското спортско здружение Љуботен во време кога негов претседател бил Теофиловски.