202
На 28.12.2022 во 21.20 часот во угостителски објект во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги привеле А.Т.(48), А.Т.(26) и М.Т.(27), сите од Битола, затоа што се однесувале агресивно кон советници од Совет на општина Битола и се обиделе физички да нападнат дел од нив.
Тие, исто така, се однесувале агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.