Приведени тројца српски државјани поради фалсификувани ПЦР тестови

од Vladimir Zorba

Полицијата на граничниот премин „Табановце“ привела тројца српски државјани поради сомнение дека поседуваат фалсификувани ПЦР тестови за ковид-19, соопшти МВР.

Тие биле лишени од слобода вчера околу 15:45 часот при обид да ја преминат границата.

По приведувањето, како што соопштија од МВР, српските државјани се предадени на полицајци од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Слични содржини