Приведено едно лице во населба Аеродром за производство и продажба на наркотични дроги

МВР соопшти дека вчера полициски службеници привеле едно лице од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанцици прекурсори“.

„Вчера од страна на полициски службеници на СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје бил лишен од слобода К.Н.(20) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Имено, полициските службеници, по претходно добиена судска наредба, извршија претрес во домот кај К.Н., на подрачјето на Аеродром, при што биле пронајдени и одземени марихуана, спакувана во повеќе полиетиленски ќеси, дигитална вага и дробилка, се наведува во соопштението на Министерството.
К.Н. бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот до Основното јавно обвинителство Скопје против него ќе биде поднесен поднесок по член 215 од Кривичниот законик“, посочија од МВР во своето соопштение.

Слични содржини