Приведено лице поради оддавање службена полициска тајна за акцијата во Арачиново

од Nikola Popovski
44 прегледи

Синот на поранешен висок функционер на МВР е приведен во полиција поради наводно оддавање службена тајна. Лицето Ќ.Б. е приведенo поради сомнение дека дошол до информации за полициска акција која неодамна се спроведуваше во Арачиново, а потоа ги кажал на припадници на криминалната група, за тие да избегаат.

Станува збор за член на семејството на поранешен висок функционер на МВР.

-Лицето вчера е приведено, при што во полициска станица беше извршен службен разговор во врска со кривично дело Оддавање службена тајна, одземен му е мобилен телефон, по што по насока на ОЈО лицето е ослободено, информираат од МВР.

Пред десетина дена Обвинителството почна истрага против 18 припадници на криминалната банда позната во јавноста како „Беланоца-Барон“ за сторени најмалку осум убиства, рекет, лихва и опожарени спортски обложувалници. Дел од уапсените,се сомничат дека наплаќале од 10 до 250 илјади евра за убиство.

Уапсени се рекетари, лихвари, како и обвинети за убиствата меѓу мафијашките кланови во полициската акција спроведена во недела вечерта, соопштија Обвинителството за гонење на организиран криминал и полицијата.

Обвинителството отвори истрага против 18 припадници на криминалната банда „Беланоца-Барон“. Осомничените во период од 2020 до 2024 година, организирале убиства на вкупно 8 луѓе, при што тројца други биле ранети, а на три лица им бил загрозен животот. Полицијата и во текот на 16 декември, врши претреси и преведувања во Арачиново, Чаир и други скопски населби.

За 14-мина постои сомневање дека се нарачатели или директни извршители на убиства, а 12 од нив се сомничат и за злосторничко здружување. Останатите Обвинителството ги товари за кривичното дело„ изнуда“.

Куп експлозиви, 14 гранати, 200 грама ТНТ, автоматско оружје криеле под земја и во напуштени објекти членовите на Беланоца во Арачиново. Копајќи со багери веќе неколку дена во атарот на оваа скопска општина, експлозивите беа пронајдени од полицијата и армијата.

Слични содржини