Приведено лице поради предизвикување пожар, палело седишта од возило

од Nikola Popovski
879 прегледи

Како дел од оперативната акција „Пожар 2024“, денеска (21.07.2024) по добиена пријава на телефонскиот број 112 дека НН лица ја палат депонијата која се наоѓа на патот с.Горно Оризари – с.Клуковец, веднаш се преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од ПС-ОН Велес, при што е затекнат С.Ц. од с.Горно Оризари како пали две седишта од автомобил, а во непосредна близина е предизвикан пожар при што е опожарена сува трева.

Од страна на полициските службеници С.Ц. е лишен од слобода, а предизвиканиот пожар е изгасен.

По насоки на јавен обвинител од ОЈО Велес, лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот, од страна на СВР Велес ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело “предизвикување општа опасност” по чл.288 од КЗ.

-Министерството за внатрешни работи продолжува со активностите под оперативната акција „Пожар 2024“ и апелира до граѓаните да бидат исклучително внимателни кога се движат во природа. Секоја активност во насока на намерно или ненамерно предизвикување на пожари ќе биде санкционирана најстрого во рамките на законските норми. Ако граѓаните забележат било какво сомнително движење или активности, веднаш да пријават во најблиската полициска станица или на телефонот 112, стои во нивното соопштение.

Во земјава сè уште има активни пожари, а најсериозно и натаму е на планината Серта и во околината на резерватот Јасен.

Освен таму, опасно беше и во прилепскиот регион, односно кај Богомила и Чашка, каде што направивме обиколка. Директорот на Центарот за управување со кризи рече дека постојано се работи со полна пареа.

Инаку, српската хеликоптерска единица ја заврши мисијата за помош на Македонија во гаснењето на шумските пожари и се врати во Србија.

Слични содржини