289
На 25.08.2021 во 19.20 час на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од Единица за внатрешни работи Кисела Вода – отсек Потраги, врз основа на централна потерница, го лишиле од слобода Н.И.(27) од Македонски Брод, со место на живеење во Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело по член 130 од Кривичниот законик, соопштија од МВР.
Лицето било предадено во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.