Приведено лицето кое пукаше со пиштол кај „Скендербег“

од Nikola Popovski
225 прегледи

Министерството за внатрешни работи информира дека вечерва во 20.10 часот пред банка спроти споменикот „Скендербег“, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.Ј.(40) од Скопје, кој претходно испукал со пиштол во воздух, додека група демонстранти, кои се движеле на потегот од Владата на Република Северна Македонија кон Министерството за надворешни работи, го нарушиле јавниот ред и мир со фрлање со камења кон група граѓани.

-Е.Ј. е приведен во полициска станица, а на местото се пронајдени чаури. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од полицијата.

Слични содржини