Приведено лицето кое ѝ се закануваше на 15-годишна малолетничка дека ќе ја силува

од Nikola Popovski
370 прегледи

Приведен е возрасниот човек кој пишувапе недолични и вознемирувачки пораки на 15 годишни девојчиња заканувајќи им се дека ќе ги киднапира и ќе ги силува.

Станува збор за 59-годишен човек од селото Ораовица во Радовиш, кој престојувал во селото Ерџелија во Свети Николе. Извршен е и претрес во домот на М.А. во светиколското село, каде што приведениот маж престојувал. Мажот кој се закануваше и праќаше еротски фотографии е приведен поради сомнение дека преку социјални мрежи намамувал малолетничка на обљуба.

„Да го направиме славен човекот кој пишува вакви погани работи на 15 годишни девојчиња и се заканува дека ќе ги киднапира и ќе ги силува. Доколку некој од вас го има во пријатели избришете го заради ваша безбедност и безбедност на вашите деца“, пишува во Фејсбук објавата групата СТОП Педофилија.

„Петиција за воведување на смртна казна со јавно бесење….напишете го со име и презиме и од каде е. Гнаса“..„Овој треба под ИТНО да биде пријавен во полиција!!!!!!“… „Под итно да одговараЈа би го обесила без око да ми трепне“…беа само дел од коментарите .

Слични содржини