Привремени гранични контроли на границата помеѓу Данска и Шведска

од desk3

Данска ќе воспостави привремени контроли на границата со Шведска од ноември, изјави денеска данскиот министер за правда, Ник Хекеруп.

Таа одлука доаѓа откако двајца Швеѓани во август беа обвинети за вмешаност во експлозија пред данската Даночна управа.

Премиерката Мете Фредериксен тогаш наведе дека данскатаВвлада размислува за затегнување на контролите на границата со Шведска.

Данска и Шведска се поврзани со мостот Ересунд во истоимениот теснец, преку кој секојдневно преминуваат илјадници граѓани на двете држави.

Слични содржини