Армијата на Република Македонија (АРМ) ги приземји речиси сите хеликоптери, бидејќи им истекол гарантниот рок за кој се сервисирани и сега не смеат да се употребуваат додека не се направи ремонт-информира Призма
Хеликоптерите од типот МИ-17, МИ-8 и МИ-24 сега се на земја, а се користат само мал број летала чија важност на дозволите за летање или рокот за употреба на инструментите истекува за одредено време.
„Од крајот на март, хеликоптерите на АРМ останаа на земја, бидејќи изминаа гаранциите што ги дале производителот и сервисерот. Изминативе 2 месеца се правеа обиди да им се ‘продолжи животот’ на хеликоптерите со писма од производителот или сервисерот, но никој не сака да лета со нив“, посочува извор од воздухопловната единица на АРМ за БИРН.
Според времето кое е потребно за наоѓање сервисер, леталата на АРМ ќе останат на земја најмалку 9 до 12 месеци.Имено, поради кризата во Украина, уништен е Луганскиот авиоремонтен завод, во кој, изминативе неколку години биле носени македонски хеликоптери на ремонт, па сега ќе се бараат нови сервисери во земји од Источна Европа или поранешниот Советски Сојуз.
Повеќе ТУКА
