„Признанието за Титаник е признание дека ВМРО-ДПМНЕ е злосторничко здружение“

од Vladimir Zorba
321 прегледи

„Признавањето вина на поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, за случајот „Титаник“ е потврда за сите изборни измами и за целиот криминал на режимот. Злосторничко здружување, изборни измами, поткуп при гласање, уништување на избирачки материјал или со еден збор, криминализација на изборниот процес од страна на ВМРО-ДПМНЕ“, соопштија од СДСМ.

„Се потврди се она што го говоревме. ВМРО-ДПМНЕ ја фалсификувала слободната волја на граѓаните преку злоупотреба на институциите и парите на граѓаните.

Признанието во предметот „Титаник“ е признание дека ВМРО-ДПМНЕ е злостроничко здружение.

Одговорност во овој предмет како и за сите останати предмети мора да има“, додаваат од партијата на власт.

Слични содржини