Проблеми во украинското раководство: Генерал-мајор повика на оставка на Залужни

од Stefanija Kuzmanovska
532 прегледи

Генерал-мајор на украинската армија Дмитриј Марченко изјави дека врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, треба да биде сменет, бидејќи долго најавуваната офанзива се покажала недоволно ефикасна.

„Седум месеци да се прават ПР офанзиви, а потоа директно да се отиде таму каде што не чекаа Русите, во тие мински полиња. И тоа е генијалноста на военото раководство?“, коментира тој во интервјуто со политичкиот аналитичар Вадим Кисељов.

Марченко понатаму додава дека Залужни има ирационални барања:

„Му дадоа Ф-16 – тоа му недостигаше, сега вели дајте роботи војници (борбени возила со вештачка интелигенција, што Залужни ги виде на изложба во Њујорк). А можеби врховниот командант треба да биде сменет и тука да заврши целата работа. Можеби тогаш ќе има пробив“.

Треба да се биде реалист, а не да се лебди во облаци и да се измислуваат „некакви вселенски бродови“, рекол Марченко, пренесува „РИА Новости“.

Да потсетиме, во неодамнешното интервју за британски „Економист“, Залужни призна дека ситуацијата на фронтот е влезена во ќорсокак и рече дека верува оти армијата сè уште не може да постигне „длабоко и убаво пробивање“ против руските сили, што предизвика незадоволство кај претседателот на Украина, Владимир Зеленски, кој подоцна го демантираше неговиот главен генерал.

Залужни истакна и дека е неопходно да се постигне технолошки напредок, бидејќи војниците „порано или подоцна ќе исчезнат“, со што индиректно признава големи загуби на фронтот.

Неговите изјави ги подгреаа гласините дека има проблеми во украинското раководство, иако официјален Киев тоа го демантира, а сите овие настани беа придружени со смртта на еден од главните соработници и личен пријател на Залужни, мајорот Частјаков.

Слични содржини