Проблемот на Република Северна Македонија не е со Бугарија, туку да ја почитува преговарачката рамка прифатена како заклучок на Европскиот совет од сите земји членки“. Ова денеска пред бугарските новинари го изјавил шефот на бугарската држава, Румен Радев по скандалот со неистакнувањето на македонското знаме пред неговата средба со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
-Очекувам оваа искажана желба за отвореност, за конструктивизам да ја преземе владата на РСМ, рекол Радев во врска со разговорот со Сиљановска, додавајќи:
„Да разјасниме, ова не беше ниту официјална, ниту работна посета и се надевам дека во блиска иднина претседателката на РСМ ќе оствари државна посета со сите официјални церемонии според протокол и тоа ќе придонесе и за нашите односи“.
Како што пренесуваат бугарските медиуми, „на Радев му е важно што ќе направат отсега за да ѝ помогнат на Македонија“.
Радев истакнал дека постои протокол и дека чека официјална покана за да дојде во официјална државна посета на земјава.