Оригинално издание на “Хобитот” (The Hobbit) на британскиот писател Толкин, со напишана посвета на елфски јазик, беше продадена на аукција во четвртокот од “Сотби” во Лондон. За книгата беа дадени 137 000 фунти (187 000 евра), што е двапати повеќе од очекуваната цена, пренесе АФП.Hobbit_cover

Според аукциската куќа тоа е нов светски рекорд за примерок од фатастично-херојскиот еп, објавен во 1937 година. Претходниот рекорд – 50 000 фунти, беше од 2008 година.

Пласираната во четвртокот книга е подарок од авторот на мис Кетрин (“Кити”) Килбрајт (Katherine “Kitty” Kilbride) една од неговите студентки на Универзитетот во Лидс во 20-тите години на XX век.

Книгата е со посвета, напишана на рака со мали четиристиха на “елфически јазик”, измислени од самиот Џон Роналд Руел Толкин.

Хобитот е напишан првично како бајка. Го носи поднасловот “Дотаму и назад” (There and Back Again). За прв пат е објавен на 21 септември 1937 година и претставува најава за приказната, која се опишува во книгите од Господарот на прстените (напишани во периодот 1939 – 1948 година и издадени во 1954 година и 1955.), Според информациите на Википедија.

“Хобитот” неодамна беше пренесен на големиот екран од Питер Џексон. Романот претходи трилогијата “Господар на прстените”, најпознатото дело на Толкин.

Слични содржини