Напорната работа не носи само повеќе пари, туку и здравствени ризици, велат француски лекари.
Ризикот од мозочен удар се зголемува за речиси 30% кај луѓе кои работат повеќе од 10 часа на ден
најмалку 50 дена во годината. Ако тоа трае повеќе од 10 години, ризикот се зголемува на 45%,
тврди Алексис Деката, истражувач од Париската болница во Версај и Универзитетот во Анже,
пренесоа АФП и УПИ. Оваа врска е посилна кај луѓето на возраст до 50 години, а разлика меѓу
мажите и жените не е установена.

Експертите ги анализирале податоците на повеќе од 143.000 Французи на возраст од 18 до 69
години, откако собирале информации за кардиоваскуларни ризици, случаи на инфаркт во
семејството, пушењето и должината на работното време.
Резултатите се во согласност со студија од 2015 година, според која продолжениот работен ден
предизвикува стрес, здравствени ризици, предиспонира кон консумирање алкохол. Сето ова
придонесува за поголем ризик од мозочен удар.
Д-р Деката вели дека неговиот совет за луѓето е да работат поефикасно.