Продолжува блокадата на „десетката со ВМРО ДПМНЕ“ во македонскиот парламент

од Vladimir Zorba
169 прегледи

Неспорно е дека ќе биде  тоа уште една блокирана седница на парламентарните груши и координатори на „десетката со ВМРО ДПМНЕ“ 

Собранието на Република Македонија денеска на пладне треба да го одржи продолжение на шестата седница со расправа за одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител.

Следна точка на дневниот ред на шестата седница е разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.

На шестата седница треба да се расправа и за предлог-измените на Законот за работните односи поднесени од Нола Исмајлоска, Магдалена Манаскова и Весна Пемова и за годишните извештаи за работата на повеќе институции.

Пратениците треба да расправаат и за состојбата со дивата депонија во Струга, предлог поднесен од група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Но сепак, неспорно е дека ќе биде  тоа уште една блокирана седница на парламентарните групи и координатори на „десетката со ВМРО ДПМНЕ“ , кои како и на конститутитвната седница ќе ја блокираат и одогвлекуваат работата на парламентарното мнозинство. Ваквата стратегија на ВМРО ДПМНЕ е со цел да се оневозможи власта да покаже резултати, да се блокира на тој начин и Владата и спречат разрешувања и назначувања, смени како што е таа на Зврлевски и други позиции за кои се потребни законски измени.

„Десетките“ на ВМРО ДПМНЕ во претходната кампања , пред нападот на парламентот, се криеја за патриотизмот и утарноста, а сега се кријат за деловникот и законските дупки и недоследности.

Спикерот на парламентот  Талад Џафери најави дека за секој час пауза од десетката, ќе ја продолжува работата на парламентот за исто толку, но тоа не ќе да е решение за оваа нова  блокада на ВМРО ДПМНЕ.