Продолжува игнорирањето на кралот на попот: Луј Витон ја повлече колекцијата инспирирана од Мајкл Џексон

од desk2
136 прегледи

 

Прочуената француска модна куќа „Луј Витон“ ја повлече колекцијата за мажи за лето 2019 година инспирирана од поп иконата Мајкл Џексон.

По прикажувањето на документарниот филм во кој се зборува за наводната злоупотреба на деца од страна на Џексон, многу радио станици не ја пуштаат неговата музика, истото го направија и некои телевизиски куќи, а дел од фановите му застанаа во одбрана.