Продолжува потрагата по маж кој исчезна во водите на Вардар во близина на Балиндол

од desk4
80 прегледи

Полициски екипи изутрината ја започнаа потрагата по маж кој вчера попладне исчезна во водите на Вардар во близина на гостиварското село Балиндол.

Припадници на полицијата и пожарникари до доцна синоќа го пребаруваа коритото во обид да го лоцираат човекот на кого претходно неколкумина граѓани се обиделе да му помогнат и да го извлечат од реката.

Гостиварец вчера пријавил во полиција дека околу 16 часот во близина на селото Мало Турчане забележал тело на маж кое го носела водата. Тој се обидел да го извлече, но не успеал. Во близина на селото Балиндол го изгубил од вид по што била повикана полицијата и пожарникари.

Засега е непознат идентитетот на мажот, а потрагата е интезивирана.