Продолжува рокот за постоење на кризна состојба во земјава

од Nikola Popovski
302 прегледи

На денешната седница Владата го усвои Записникот од Тринаесеттата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и го утврди Предлогот на одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на територија на Република Северна Македонија.

Ова е поради заштита на јавното здравје во услови на постоење на Пандемија прогласена од Светската здравствена организација од заразната болест КОВИД-19, со која се предлага на Собранието на Република Северна Македонија да одобри продолжување на рокот за постоење на кризната состојба до 31 декември 2021 година.

Слични содржини