Продолжува собраниската расправа за разрешување на Зендели од Комисијата за прашања за изборите и именувањата

од Берта Китинска
259 прегледи

Собранието денеска треба да го одржи продолжението на 64-тата седница на чиј дневен ред е Предлог одлуката за разрешување членот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Фадил Зендели од БЕСА, поднесена од пратениците Талат Џафери, Јован Митрески, Горан Мисовски, Диме Велковски, Снежана Калеска Ванчева, Дарко Каевски, Даниела Николова, Боби Мојсоски, Панчо Минов, Марија Георгиевска и Жаклина Лазаревска.

Дневниот ред на седницата беше изгласан вчера во вечерните часови по целодневната расправа во тек на која пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ бараа првата точка од дневниот ред – Предлог–одлуката за разрешување членот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Фадил Зендели, да се смени со други точки од дневниот ред. Обвинија за прекршување на собранискиот Деловник и посочија дека мнозинство сака Зендели повеќе да не биде член на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, зашто им е потребно мнозинство за, како што рекоа, да аминуваат штетни политички одлуки. Од владејачкото мнозинството, пак, оценија дека треба да се запази деловничкото правило распоредот на пратеничките мандати да се преслика и во работните тела на Собранието.

Слични содржини