Продолжува судењето за „организаторите на 27 април”

од Берта Китинска
259 прегледи

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за организаторите на насилствата во Собранието од 27 април 2017 година.

На предлог на обвинителката Вилма Рускоска, на денешното рочиште треба да сведочат премиерот Оливер Спасовски и Михаил Младеновски, еден од обвинетите за насилствата во законодавниот дом. Рускоска најави дека како сведок ќе биде повикан и Александар Василевски – Нинџа, осуден на осум години затвор за „27 април“.

На првото рочиште за организаторите на насилствата во Собранието одржано на 26 февруари, обвинетите Трајко Велјановски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски и Владимир Атанасовски, се изјасника дека не се винови за кривичното дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност”. Поранешните државни функционери од времето на ВМРО-ДПМНЕ, кои се товарат за организирање на „крвавиот четврток”, кажаа дека го сметаат обвинието против нив за политички прогон.

Обвинителката Рускоска, пак, тврди дека ќе докаже оти обвинетите изготвиле план со намера за загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата со акти на насилство за да спречат мирно примопредавање на власта, што резултира со насилствата на 27 април 2017 година.

Во истрагата за организаторите на „27 април“ беа опфатени и поранешниот премиер Никола Груевски и ексразузнавачот Никола Бошковски, но постапката за нив е запрена додека не станат достапни на органите на прогон.

Судскиот процес го води судијата Илија Трпков.

Слични содржини