Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов информираше дека одлуката за уривање на галијата во Вардар се носи по основ на извршната клаузула во договорот што го има постигнато Градот Скопје со корисникот на просторот.
-Ние веќе продолживме минатата недела со извршното дејствие со надлежниот извршител ангажиран.Одлуката на Апелациониот суд во Скопје е да ја укине времената мерка на Основниот суд и ние заради тоа продолживме со извршните дејствија, а Основниот суд во Скопје закажа рочиште на 7 јули на кое што јас кажав дека ќе го застапувам Град Скопје. За оние кои не знаат, согласно Законот, законски застапник на институцијата е градоначалникот и јас имам право да го застапувам овој град во секоја постапка, нагласи Шилегов.
Шилегов тврди дека сопственикот на галијата со месеци не плаќал кирија со што создал можност за раскинување на договорот.
– Одлуката за уривање на галијата во Вардар се носи по основ на извршната клаузула во договорот што го има постигнато Градот Скопје со корисникот на просторот. Ние минатата недела продолживме со извршното дејствие со надлежниот извршител ангажиран од страна на градот – информира Шилегов.