Продолжуваат напроти за справување со огнените стихии низ земјава

од Берта Китинска

Претседателот Стево Пендаровски вчера при посета на прилепскиот регион обраќајки им се на армиските припадниците вклучени во гаснењето на пожарите порача дека никој нема да им го заборави извонредниот напор што го прават, додека министерката за одбрана Радмила Шекеринска нагласи дека Армијата дава клучна поддршка на сите централни и локални институции во спсрвување со огната стихија. Премиерот Зоран Заев, пак, ја потенцира и улогата на локалните жители, за кои рече дека се меѓу најзаслужните за гаснењето на пожарите.

– Огромна благодарност уште еднаш до Вас и до Вашите семејства. Никој нема да Ви го заборави овој извонреден напор што го правите. Се надевам дека пожарите нема уште долго да траат и ќе можете полека да се враќате на редовната воена служба и на Вашите семејства, им порача претседателот Пендаровски на припадниците на Армијата во касарната „Мирче Ацев” во Прилеп.

Премиерот Заев, пак, осврнувајќи се на пожарите во Делчевско и Беровско, изрази пофалба и голема благодарност до локалните од Митрашинци, Будинарци, Разловци, Мачево и сите други села, за огромната поддршка во гаснењето на пожарите.

– Тие навистина се вистински пожарникари, иако не се професионалци, бидејќи беа заедно на терен со противпожарните служби. Сакам да се заблагодарам и на сите волонтери од Штипскиот, Струмичкиот, Кочанскиот регион од Виница, од Источниот регион кои носат вода некои носат храна, некои лопата в раце и прават се што можат да помогнат и навистина е убаво да се биде солидарен и ред е да изразам солидарност до сите овие граѓани кои дојдоа овде и да бидат од полза во гаснењето на пожарите, рече Заев.

На територијата на целата држава до синоќа беа активни дестина пожари, од кои дел беа локализираани или ставени под копнторла. На терен продолжуваат напроти за справување со огнените стихии во кои се вклучени припадници на противпожарните единици од земјвва и тимови од Австрија, Бугарија, Словенија и Романија, припадници на Армијата и МВР, вработени во шумските стопанства, но и локални жители.

Слични содржини