Продолжуваат протестите во Хонг Конг

од Aleksandar Petrovski

Полицијата денеска употреби солзавец за да ги растера илјадниците демонстранти кои се собраа во градскиот парк во Хонг Конг за да повикаат на изборни реформи и бојкот на Комунистичката партија на Кина.

Облечени во црно и со маски на лицето, што станаа заштитен знак на протестите, демонстрантите се собраа во близина на зградата на градскиот Законодавен одбор.

Тие носеа транспаренти на кои пишуваше „Слободен Хонг Конг“ и вееја американски и британски знамиња.

Полицијата на Хонг Конг го одобри денешниот митинг, но не даде дозвола за одржување на марш, што организаторите го планираа во текот на денешниот ден. Кога митингот прерасна во марш, полицијата брзо реагираше и употреби солзавец, а уапсени се неколку лица.

Протестите во Хонг Конг почнаа во јуни минатата година поради спорниот закон за екстрадиција на обвинетите во континенталниот дел на Кина. Иако законот е повлечен, протестите продолжија поради полициското насилство, но и со барање за поголеми права и оставка на лидерката на Владата на Хонг Конг, Кери Лам.

Слични содржини