Во повеќе црногорски градови и денеска се одржуваат протести заради усвојувањето на Законот за слобода на вероисповедта.
Во протестната литија од центарот на Беране до манастирот Ѓуѓеви столбови, оддалечен три километри, попладнево се собраа до сега најголем број граѓани, а на приодот до манастирот колоната била непрегледно долга, пренесе подгоричкиот портал Вијести.
Протести заради усвојување на законот во Беране има секој ден, а бројката на мирни демонстранти кои се собораат во портата на манастирот на молебен од ден на ден е се поголема.
По молебенот граѓаните мирно се разотидоа.
И на литијата во Бијело Поље, која одеше по градските улици, се собраа повеќе од 10.000 верници, кои уште еднаш го изразија својот протест заради изгласувањето на законот. Пред литијата беше отслужен и молебен.
Вечерва молебен беше служен и во Плужина, во црквата „Свети Јован Крстител“, по кој низ градот прошета литија што ја предводеше свештенството, следена од мноштво незадоволни граѓани.
Литија се одржа и во Жабљак.