Продолжуваат тензиите во Црвеното Море: Скокнаа цените на нафтата

од Stefanija Kuzmanovska

Цените на нафтата пораснаа денеска, 2 јануари, откако Иран испрати воен брод во Црвеното Море, и бидејќи ситуацијата остана напната на критичниот воден пат за светските пратки. За потсетување, Маерск мораше да ги паузира сите пловидби на самиот крај на 2023 година поради нов напад на јеменските бунтовници Хути.

Глобалната референтна вредност на сурова нафта Брент скокна за 1,6 отсто на 78,27 долари за барел, додека американската WTI порасна за 1,42 отсто на 72,67 долари за барел во азиската трговија.

Иран во понеделникот објави дека го испратил воениот брод „Алборз“ преку стратешкиот теснец Баб ал-Мандеб, објавија државните медиуми на земјата, без да прецизираат детали за мисијата на бродот.

Се додава дека операциите периодично се спроведуваат во Црвеното Море за да се обезбедат бродски рути, а потегот доаѓа откако американската морнарица уништи три чамци на бунтовниците Хути поддржани од Иран, убивајќи 10 милитанти, пренесе АП.

Морнарицата одговорила на повикот за помош за бродот „Маерск Хангжу“ под знаме на Сингапур, кој беше под оган, се вели во соопштението на американската Централна команда.

Слични содржини