Проекција на филмот „За телото и душата“ на Скопско лето

од Vladimir Zorba
116 прегледи

Вечерва со почеток од 21 частот во Сули ан ќе се прикажува филмот „За телото и душата“ на авангардната режисерка Илдико Енједи.

 

ЗА ТЕЛОТО И ДУШАТА

ON BODY AND SOUL (2017), Унгарија

драма / траење: 116  минути

сценарио и режија: Илдико Енједи

улоги: Геза Моршани, Александра Борбели, Золтан Шнајдер,…

Награди: „Златна мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал, номинација за Оскар за најдобар странски филм, награда за најдобра актерка и 3 номинации за Европските филмски награди.

А, утре вечер, 17.07.2018, вторник, ќе се прикаже филмот „Откачени трудници“, со почеток во 21:00 часот, на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан.

ОТКАЧЕНИ ТРУДНИЦИ

BABY BUMP(S ) (2017), Франција

комедија  / траење: 94 минути

режија: Ноеми Салио

улоги: Жилиет Бинош, Камил Котин, Ламберт Вилсон,…