Проф.Алексиќ: Повторувањето е мајка на знаењето, но повторувањето на туѓи грешки е будалаштина

од Берта Китинска
1,K прегледи

Печатените учебници се базата, со помош на електронските помагала учениците треба да се надградуваат. Mенталнатa концентрација и моторика за рачно пишување се драгоцен психофизички развој кој не се споредува со електронското учење, вели Татјана Алексиќ, професорка по македонски јазик oд СУГС Раде Јовчевски – Корчагин во своето гостување во Студио 10.

Таа напоменува дека новата промена во образованието треба да се воведе постепено и пред се да се проверат техничките можности пред таа да се реализира.

-И на крај секогаш завршуваме дека повторувањето е мајка на знаењето, но повторувањето на туѓи грешки е вообичаено будалаштина ние треба да следиме примери, но не по секоја цена. Треба да се провери дали постои технички можности за да се реализира, вели Алексиќ.

Слични содржини