Проф.Димитров: Скоро ништо не е исполнето од Договорот за добрососедство

од Берта Китинска

Прашањето е како и дали може да се промени работата на заедничката комисија со РС Македонија. Вчера станало збор за тоа, но тешко дека била во центарот на вниманието, бидејќи нема напредок, нема што да се промени, изјави проф. Ангел Димитров копретседател на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и едукативни прашања помеѓу Бугарија и С.Македонија за БНТ.

„На барање на нашите колеги, нашата следна средба ќе биде до октомври. Скоро ништо не е исполнето од Договорот за добрососедство, па претпоставувам дека Скопје ќе вложи напори да покаже желба да постигне одреден напредок во други области – инфраструктура, итн. Според сите клаузули во договорот, стагнацијата е неверојатна„, нагласи Димитров.

„Односот кон бугарската историја и она што РСМ го смета за нивна историја е најболната точка во односите, бидејќи тоа формира менталитет и култура што се рефлектираат во сите сфери на животот“, коментира тој.

„Неопходната катарза за историската наука и целото општество не гледам како ќе се случи ако нема политичка одговорност за ова, но и одговорност на науката“, додаде проф.Димитров.

Слични содржини