До сега знаеме за 215 луѓе, истрагата можеби ќе покаже дека стануива збор за многу многу поголем број на патни исправи – ова се оригинални патни исправи со невистинити податоци. Значи мора веднаш Министерството за внатрешни работи да се посвети на проверката на работењето на целиот оддел, па да видиме издавањето на лични карти, пасоши, уверенија за државјанство и сите други материјали да ли може да се помогне системот да биде повторно изграден. Се разбира, ова се инциденти ситуации, но веќе заземаат еден епидемиски каракттер, кога повеќе не сме сигурни дали нашите податоци се злоупотребени или не, изјави во Утрински брифинг проф. д-р Никола Дујовски.
Тој вели дека го поздравува и го почитува она што МВР веднаш превземала активности против своите вработени.
-Пред месец дена имаше приведување, сега можеби е малку ЈО да излезе со проширување на истрагата, но уверен сум дека доколку тие имаат, а треба да имаат независен простор за дејствување, ќе ни одговорат на прашањето како тој систем кој го изградивме на биометриските документи и е доволно заштитен однадвор е пробиен, вели Дујовски.