Претседателот на САД, Доналд Трамп ги повика земјите членки да ги зголемат инвестициите во одбраната на 5 отсто. Имајќи ги во предвид ниските стапки на издвојувања во минатото и потценетото ниво на инвестициите за одбраната, а од друга страна фактот дека безбедноста на граѓаните секогаш мора да биде на прво место, станува јасна интенцијата на Владата за пообемни инвестиции во безбедносниот сектор, изјави за „Локално“ универзитетскиот професор Зоран Ивановски.
-Процентот за одбраната е соодветен на обврските кои произлегуваат од членството на државата во НАТО и геополитичкиот контекст, кој е со многу предизвици за иднината на Европа. Претседателот на САД, Доналд Трамп ги повика земјите членки да ги зголемат инвестициите во одбраната на 5 отсто. Имајќи ги во предвид ниските стапки на издвојувања во минатото и потценетото ниво на инвестициите за одбраната, а од друга страна фактот дека безбедноста на граѓаните секогаш мора да биде на прво место, станува јасна интенцијата на Владата за пообемни инвестиции во безбедносниот сектор. Сепак, ова ја зголемува и обврската за целосна транспарентност и отчетност на расходите во безбедносниот сектор и селекција на проекти кои ќе гарантираат и поголема сигурност на нашите граѓани, вели Ивановски.

Зоран Ивановски/Фото: УТМС
Тој додава дека овој износ на инвестиции се и главната причина за надминување на фискалното правило за висината на буџетскиот дефицит за исполнување на обврските од членството во НАТО Алијансата за капитални вложувања во одбраната, модернизацијата на сообраќајната инфраструктура и локалните инфраструктурни проекти. Така, зголемените средства од основниот буџет за членството во НАТО се околу 1,3 милијарди денари.
-Неминовно е потребно да се пристапи кон постепена консолидација на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија – ПИОМ. Имајќи предвид дека постојано расте потребата за трансфер од Буџетот за финансирање на ПИОМ, треба да се најде соодветно решение за стопирање на растечкиот тренд за дотации од Буџетот до Фондот, кој во моментот е околу 40 отсто, додава Ивановски.
Во предлог Буџетот за 2026 година не е дадена проекција за нивото на вкупниот јавен долг, но тој смета дека според сите проектирани компоненти – јавни приходи, јавни расходи, буџетски дефицит, економски раст… доколку истите дисциплинирано се управуваат и остваруваат, јавниот долг нема да го надмине нивото од 60 отсто од бруто домашниот производ.
Б.С.