Проф. Јошевски: Несериозно е што беа потребни дури три дена за да се утврди бројот на патници

од Nikola Popovski

Чудно е како дошло до пожар од искрење од удар во заштитната метална ограда, смета проф. Зоран Јошевски од Битолскиот технички факултет во изјава за емисијата „24 анализа“, говорејќи за околностите под кои се случи трагичната автобуска несреќа во Бугарија.

Според него, овие огради по правило не предизвикуваат искрење.

-Возачите не се известени дека наидуваат на таква делница од автопатот. Дали оваа делница е во согласност со европските директиви, дали осветленоста на патот е во согласност со тие директиви. На тој автопат брзината е ограничена со 120 км/ч и дали овој пат ги исполнува условите да биде категоризиран како автопат?, прашува Јошевски.

Според него, многу е несериозно што дури три дена се потребни за да се утврдува бројот на патници во автобусот и другите автобуси и тоа врз основа на исказ на некој патник.

-Малку си поигруваме со судбината и јавноста. Третиот ден дознаваме дека 44 лица загинале и тоа од истражен орган од Бугарија. Нашето обвинителство собра биолошки траги за идентификација, но што ќе се случи ако некој патник кој не е државјанин на Македонија, бил во автобусот? Не знаеме дали бил во автобусот и што се случило со него, вели Јошевски.

Слични содржини