Проф. Трајковски: Додека сметот мириса, мириса и глупоста на тие што гласале за истата власт што ги довела дотука

На сите нека им биде јасно, властите никого не изневерија. Тие само точно го исполнија она што овој народ го заслужува - ветувања без покритие и лична корист за политичарите.

од Vladimir Zorba
44 прегледи

Партиската победа на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН мириса во Скопје. Тоа не се само пренатрупани контејнери, тоа се споменици на благодарноста што Скопјани ѝ ја изразуваат на старо-новата власт во градскиот совет, но и на мајтапењето на власта со своите граѓани. Кога ќе поминете покрај овие уметнички инсталации, треба да се потсетите до каде ве довела вербата во телевизиската пропаганда и партиските билборди, сподели на својот Фејсбук профил професор Дејан Трајковски.

„Додека сметот мириса, мириса и глупоста на тие што гласале за истата власт што ги довела дотука. Секое кесе, секој изгниен остаток од храна е демократски израз, крукче на гласачкото ливче и материјален доказ дека пропагандата им успеала.

На сите нека им биде јасно, властите никого не изневерија. Тие само точно го исполнија она што овој народ го заслужува – ветувања без покритие и лична корист за политичарите.

Па, драги граѓани, кога следниот пат ќе го земете гласачкото ливче, не заборавајте: ако сакате Скопје да ви биде чисто, не е доволно да ја фрлите кесата во контејнер. Поважно е да ја фрлите илузијата дека тие што го донеле градот до ова дереџе заради партиска тврдоглавост – можат и да го спасат“, пишува тој.