346
Последниве десет дена се забележува забавување на растот на кривата на вакцинираност со најмалку една доза, пишува проф.д-р Дејан Трајковски во својата најнова ковид-анализа.
-Кривата многу рано започна да се израмнува, дали веќе влегува во заситување? Дали е тоа поради намален интерес за вакцинирање или логистички проблем со снабдувањето? Дали можеби треба да се отворат повеќе вакцинални пунктови за да можат паралелно да се даваат прва и втора доза?Народе, не се опуштајте пред време туку пријавувајте се за вакцинација, ако не сакате да живееме под мерки уште една зима, Трајковски.