328
Професорот Дејан Трајковски, на својот фејсбук профил, сподели стручен текст за употребата на антибиотици при лекувањето на ковид 19
-Според СЗО, САРС Ков-2 е вирус и затоа антибиотиците не треба да се користат како начин за превенција или лекување од него.Но, додаваат дека хоспитализираните можат да примат антибиотик поради можна бактериска коинфекција. Значи, со антибиотиците евентуално може да се лекува некаква споредна инфекција (на пример добиена на болница), но дефинитивно НЕ може да се излекува од ковид-19, пишува во својот коментар проф. Трајковски.