Не сум оптимист дека честите средби ќе доведат до квалитативна промена и изнаоѓање заедничко разбирање. Пристапот на фокусирање на економската соработка ќе овозможи успех. Создадена е неаргументирана историска конструкција, што ги прави работите агресивни. Сега произлегува дека сме дрски што ги бараме правата на Бугарите во Македонија, вели историчарот и професор Даниел Вачков од Мешовитата историска комисија, коментирајќи ја вчерашната посета на премиерот Кирил Петков на Македонија, пренесува бугарска „Нова“.
Според него, се остава впечаток дека односите меѓу двете земји се деградирани.
-Историјата останува главен проблем. Сепак, таа се повлекува во втор план. Пристапот за барање успех и покажување пред двете општества веројатно ќе даде резултати. Се остава впечаток дека има конечно туркање на проблемот. Но, не знам колку е добро двете страни да одат напред, вртејќи го грбот на главниот проблем, а тоа е историјата, рече историчарот.