
Ново истражување врз функциите на гените во живиот свет ја поддржува хипотезата дека животот на Земјата е всушност фаќање на енергија при хемиски реакции, пред да почне да се копира кодот, пишува Science Alert.
Резултатот фрла светлина врз еволутивната дебата за она што прво се појавило на земјата: реплицираната РНК или метаболизмот.
Ако се реплицираат гени за тоа треба енергија, и нашиот метаболизам се регулира од ензими кои се произведени од гени, а како може да имаме гени без метаболизам или метаболизам без гени?
Сега научниците пронајдоа уште докази за поддршка на теоријата дека животот е започнат се метаболизирање пред да биде поврзано со првите гени.
Екипата на проф. Анолес и проф. Коч избрале 249 организми од целото дрво на животот и ги споредиле не само нивните секвенци, но и специфичните карактеристики на секој од нивните гени.
„Најдобар начин да се разбере организмот е преку неговите функции“, објаснуваат тие. Идејата им била, дека колку античка била функцијата, толку ќе е распространета.
Се покажало е дека во самата основа на дрвото на животот стојат две функции кои се заеднички за секое живо суштество – метаболизмот и хемиското поврзување.
„Сосема логично е овие две функции да почнале најрано, бидејќи молекулите прво имале потреба од генерирање на енергија преку метаболизам и требало да комуницираат со други молекули и да се поврзуваат со нив.“