Професорка од Велес позитивна на Ковид 19

од Берта Китинска
281 прегледи

Професорка од основно училиште во Велес позитивна на Ковид 19 ги  испрати сите нејзини контакти во изолација.

Резултатот на професорката од ОУ Васил Главинов вчера бил пристигнат во Центарот за јавно здравје Велес.

Вчера беше пријавен и првиот случај на дете заразено со ковид 19 кое било згрижено во градинката „13 Ноември” во општина Центар во Скопје.Родителите позитивниот тест го добиле вчера, а во градинката согласно протоколите бил направен и епидемиолошки надзор. Групата каде било детето ќе оди групата во изолација.

Изминатите денови беа регистрирани и три случаи на заразени вработени во градинки.

Градинките беа отворени пред една недела, во тој период имаше 3  случаи на вработени заразени со коронавирус. Се работи за вработена во градинката „Мајски цвет“ – Битола, а вториот случај е во градинката „Раде Јовчевски – Корчагин“ – Скопје и во градинката „Рахилка Гонева“ – Свети Николе.

„Од стана на КЗБ остварен е  контакт со родителите на децата и изолирани се само децата од таа група. Согласно нивните проценки, нема опасност за  останатите групи од објектот и тие можат да продолжат со работа и примање на деца. Притоа, согласно насоките на КЗБ, во домашна изолација се и други пет вработени во истата градинка до 15 односно  17 септември, од последниот контакт со заболената вработена во градинката“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Во последните 24 часа се направени 1721 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19.  Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16088, бројката на оздравени пациенти е 13550, на починати е 668, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1870.

 

Слични содржини