Прогласена кризна состојба на територијата на цела држава

од Nikola Popovski
368 прегледи

Владата на седницата вечерва официјално прогласи кризна состојба на територијата на цела држава, заради заштита на јавното здравје во услови на пандемија со Kовид-19 и заради спречување од ширење на заразата. Владата со тоа ја потврди вчерашната препорака од Советот за безбедност кој се состана кај претседателот Пендаровски.

Кризната состојба ќе биде во период од 30 дена почнувајќи од денеска. Ова ќе значи дека армијата се вклучува во битката со коронавирусот, а државата може да ги користи ресурсите на приватните болници во битката со Ковид-19.

Кризна состојба не значи дека ќе има и полициски час.

 

Слични содржини