Прогноза на изборниот резултат од изборите за ЕП во Грција: Нова демократија во предност пред СИРИЗА

од desk2
76 прегледи

Нова демократија прва, СИРИЗА втора, Движење на промена трета е резултатот од објавените излезни анкети, односно проценките за резултатот на европските избори од агенциите за рејтинг во Грција, во соработка со грчките телевизии по преброени 100 отсто од примероците, јави дописничката на МИА од Атина.

Приватните телевизии Скај, Стар, Антена, Алфа, Уан и Опен објавија заеднички излени анкети во соработка со агенциите „Пулс“, МРБ, МАРК, „Метрон аланисис“ и АЛКО, додека пак државната ЕРТ своја проценка во соработка со агенцијата за рејтинг „Капа рисрч“.

Конечните резултати од преброени излезни анкети за приватните телевизии се:

Нова демократија 32.5-34.5 проценти

СИРИЗА 24-26 проценти

Движење на промена 7.2-8.2 проценти

Комунистичка партија на Грција 5-6 проценти

Златна зора 4-5 проценти

Грчко решение 4-5 проценти

Мера25 2-3 проценти

Резултатите од 80 отсто преброени гласови на излените анкети за државната ЕРТ се:

Нова демократија 30,5-33,5 проценти

СИРИЗА 25,8-28,5 проценти

Движење на промена 6-8 проценти

Златна зора 6-8 проценти

Комунистичка партија на Грција 5-7 проценти

Сепак, станува збор за проценки на агенциите за рејтинг, а не за официјални резултати.

Првите официјални резултати од Министерството за внатрешни работи на Грција, кое што е и надлежно за пребројување на гласовите, се очекуваат по 21 часот по грчко време.