Прогноза на СЗО: Втората година од пандемијата може да биде уште потешка

од Nikola Popovski

Втората година од пандемијата Ковид-19 може да биде потешка од првата, со оглед на тоа како се шири новиот вид на коронавирус, особено во северната хемисфера каде циркулираат заразни варијанти, објави во средата Светската здравствена организација (СЗО).

„Влегувањето во втората година од пандемијата може да биде потешко со оглед на некои динамики на пренесување на вирусот“, рече Мајк Рајан, директор на програмата за итни случаи на СЗО, пренесува Ројтерс.

СЗО во својот последен извештај наведе дека по две недели кога биле пријавени помалку случаи, минатата недела се регистрирани околу пет милиони нови инфекции.

„По празниците, во некои земји ситуацијата значително ќе се влоши, отколку што ќе се подобри“, рече Марија Ван Керкоф, директор на техничкиот тим на СЗО за Ковид-19.

Слични содржини