Произведени 16.392 MWh електрична енергија, домаќинствата и дополнителните снабдувања се целосно задоволени

од Nikola Popovski
146 прегледи

АД ЕСМ на 19.1.2023 година произведе 16.392 MWh електрична енергија, информираа денеска од Владата.

Со тоа целосно со сопствена произведена енергија се задоволени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални држави субјекти.

-Во Термоелектраните произведени се 13.619 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.773 MWh, додадоа од Влада.

Слични содржини