Производството на само еден чевел испушта 1,5 кг јаглерод двооксид, но сепак влијанието врз животната средина не е такво како што се мислеше

од desk2
26 прегледи Фотографија: jupilu on Pixabay.com

лијанието на производството на обувки врз животната средина е значително помало отколку што се мислеше претходно, потенцира извештајот на Фондацијата за иновации во индустријата за обувки (FIF).

Производството на еден просечен чевел денеска значи испуштање 1,5 кг CO2, додека вкупниот јаглероден отпечаток од суровина до крајот на животниот век изнесува 6,7 кг CO2-еквивалент по пар, изнесува Извештајот за јаглеродниот отпечаток на обувките за 2025 година, пренесува Cirkularnaekonomija.org.

Глобалната индустрија на обувки придонесува со околу 0,45% во вкупното испуштање на јаглерод двооксид во светот, значително помалку отколку што покажуваа поранешните проценки, истакнува FIF.

Текстилот изнесува помалку од 20% од материјалите што се користат во производството на обувки, иако обувките и понатаму се класираат заедно со текстилот и облеката во медиумите, извештаите и политиките, наведуваат истражувачите.

На вкупен примерок од 54 милиони пара чевли, просчената потрошувачка на електрична енергија по пар изнесува 1,17 kWh, што е значително помалку во однос на претходните проценки.

„За разлика од производството на облека, фабриките за обувки користат специјализирани процеси што трошат многу енергија, како леење, лепење и техниката на склопување со високи температури. Производството на обувки може да вклучи преку 200 производствени процеси. Еден пар чевли во просек содржи повеќе од 60 различни материјали и компоненти, додека облеката главно користи само неколку“, се наведува во извештајот.

Производството на обувки е послично на автоиндустријата отколку на индустријата на облека

Главниот автор на извештајот и извршен директор на FIF, Енди Полк, истакнува дека со години обувките биле третирани како дел од текстилната индустрија во пресметките на емисиите, што го сокривало вистинскиот напредок што е постигнат, но и областите на коишто би требало да им се посвети поголемо внимание.

„На нашата индустрија ѝ беа потребни сопствени податоци, бидејќи производството на чевли е покомплексно и послично на автомобилската индустрија отколку на правењето маички. Овој прв извештај од овој вид ги порекнува долгогодишните претпоставки, лошото известување и истражувањата и ни дава јасна, ажурирана основа за понатамошна работа. Сега точно знаеме на што да се фокусираме, од изборот на материјал до синџирот на снабдување, за да го почнеме следниот бран иновации во одржливоста“, порачува Полк.