Пролетно будење на организмот со правилен избор на храна и вежби

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Пролетната детоксикација на телото е една од најважните чекори за да го припремате организмот за потоплите температури. Во зимскиот период физичката активност е намалена кај поголем процент од луѓето, а со тоа се зголемува и таложењето на мастите и се нарушува здравјето.

 

Оваа пролет зголемете ги прошетките, физичката активност и спортувањето. Исхраната збогатете ја со овошје, јаткасти производи, а намалете ги вештачките засладувачи, кофеинот и цигарите. Не ги прескокнувајте оброците, но нека не ве залажуваат чипсовите и останатите „грицки“. Разбудете се со чаша цеден сок, чај и интегрален оброк од мусли. Не заборавајте да внесете минерали, марула, зелка, краставица се одличен избор за свежа салата. Најважно од се е да не изгладнувате, а строгите диети заменете ги со вежбање.