ПРОЛЕТВА ВО ЗАТВОР, СЕГА НА ЕВРОПСКО: Уапсен е со СРПСКА СТАРЛЕТА, а сега дели правда на голема сцена!

од Stefanija Kuzmanovska
366 прегледи

Словенецот Славко Винчиќ го судеше натпреварот од првото коло на Европското првенство помеѓу Шпанија и Шведска во Севилја (0: 0).

Судијата, кој ужива голема доверба од УЕФА, минатата година се најде во центарот на голем скандал.

Кон крајот на мај 2020 година контроверзниот судија од Словенија беше уапсен заедно со Тијана Ајфон во познатата афера „Кристал“.

Најдобриот судија од Словенија беше на „забава“ во Суво Поље кај Бјелина кога полицијата уапси 36 лица. При претресот пронајдени се 10 пиштоли, 14 пакетчиња кокаин, девет таблети медицинска дрога, три панцири, повеќе мобилни телефони, лап-топ компјутери и повеќе од 10 илјади евра.

40-годишниот судија тврди дека не учествувал во оргии со познатата старлета и дека случајно се нашол на погрешно место во погрешно време. Тој беше испрашуван како сведок и наводно немал никаква врска со уапсените.

„Случајно бев на тој ранч. Имам своја компанија и бев во Босна и Херцеговина на деловен состанок. Ја прифатив поканата за ручек и се покажа дека е моја најголема грешка. Жал ми е“, рече тој и продолжи: „Седев на маса со друштво, одеднаш дојде полицијата и се случи тоа што се случи. Немам ништо со групата што беше уапсена и приведена, а ниту моите деловни партнери“.

Судијата излезе од незгодната ситуација и се врати на терените во јуни минатата година, а сега има можност да ја дели правдата на Европското првенство.

Слични содржини