Пролиена крв низ улиците на Чикаго: Две лица убиени за време на немирите, 60 уапсени (видео)

од Nikola Popovski
223 прегледи

Две лица загинале за време на немирите во предградието Цицеро во Чикаго, во протестите што траат во САД веќе седми ден поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, јавува Би-Би-Си.

Еден градски службеник изјавил дека 60 лица се уапсени, но не дал дополнителни информации за загинатите или за околностите на нивната смрт.

Поради смртта на Џорџ Флојд, полицискиот службеник Дерек Човин е обвинет за убиство од трет степен, а тројцата други полицајци биле отпуштени.