Промени во кадровските решенија на неколку институции во земјава

од Nikola Popovski
339 прегледи

На денешната 94-та седница на Владата, беа донесени одлуки за кадровски смени во неколку институции. Според тоа, досегашниот в.д. Стојанче Ангелов, го именува за директор на Центарот за управување со кризи.

-Амир Шабани, го именува за директор на Фондот за осигурување на депозити, Дритан Имери, го именува за заменик директор на Државниот испитен центар, Ана Петровска ја разреши од должноста в.д. директор на Државниот инспекторат за животна средина, орган во состав на Министерството за животна средина и просторно планирање, Сретен Стојковски го именува за в.д. директор на Државниот инспекторат за животна средина, орган во состав на Министерството за животна средина и просторно планирање, Костадин Ацевски го разреши од должноста директор на Управата за хидрометеролошки работи на Република Северна Македонија, на негово барање, Агим Муртезани го именува за вршител на должност директор на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Северна Македонија, велат од Владата.

Исто така, донесена е одлука за членови на бордот на директори на Тутунски комбинат Прилеп Владата да ги предложи: Никола Џамбазовски (независен неизвршен член), Миле Велкоски (независен неизвршен член), Кире Станкоски (извршен член), Татјана Стефаноска (извршен член), Ристе Ташев (извршен член).

Слични содржини